Ова е една маките кои го следат македонскиот маж од памтивек, уште од неолитот. Ваквите жени иако месат кифлички, готват, перат, пеглаат, чуваат деца, за жал покажуваат амбиции да учат и да напредуваат во професијата. Нема поголем душман од жена прееманципирана.
Вака ќе направиш.
Ќе земеш 50 грама М. Ќе седнете на кауч и деноноќно ќе слушате македонски радија. Ќе биде тешко, ама мора да се издржи. Ќе те мава со перници. Ќе го крши кинескиот порцелан. Ќе искача на балкон и ќе го убедува комшијата со сачмарка да ги утепа сите. Ама на крај ќе попушти.
Ако не се снижи еманципираноста во рамки на дозволеното, никогаш не те ни сакала и подобро да си најдеш друга жена.